24 Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;
25 и не да се принесува Себе како жртва повеќепати, како што првосвештеникот влегува во светилиштето секоја година со туѓа крв.
26 Инаку Тој би требало многупати да пострада од созданието на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го однесе гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.
27 И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,
28 така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.