3 А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња над светињите“;
4 во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,
5 а над него – херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.
6 При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците и извршуваа служба Божја;
7 а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени поради незнаење.
8 Преку ова Светиот Дух покажуваше дека сѐ уште не е отворен патот за светилиштето сѐ додека стои првата скинија,
9 која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,