Евреите 9:4-10 MK2006D

4 во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја злат­ни­от сад со мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,

5 а над него – херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува по­оп­ширно.

6 При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свеш­те­ниците и извршуваа служба Божја;

7 а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени поради незнаење.

8 Преку ова Светиот Дух покажуваше дека сѐ уште не е отворен патот за све­тилиштето сѐ додека стои првата ски­нија,

9 која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,

10 туку се состојат само од јадења и пиења, и разни миења и телесни обреди, установени до времето кога сето ова ќе се исправи.