8 Преку ова Светиот Дух покажуваше дека сѐ уште не е отворен патот за светилиштето сѐ додека стои првата скинија,
9 која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи,
10 туку се состојат само од јадења и пиења, и разни миења и телесни обреди, установени до времето кога сето ова ќе се исправи.
11 Но Христос, кога стана Првосвештеник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, неракотворено, односно не онакво какво што се прави на земјата,
12 ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
13 Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,
14 тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.