14 А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство!
15 Вистина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.”
16 И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.
17 И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”
18 А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.
19 Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”
20 Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.”