18 А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.
19 Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”
20 Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.”
21 А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сè што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!”
22 А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.
23 И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!”
24 А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство!