22 А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.
23 И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!”
24 А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство!
25 Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!”
26 А тие се зачудија уште повеќе, велејќи си еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси?”
27 Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога не е; зашто за Бога сè е можно!”
28 Петар почна да Му зборува: „Гледај, ние оставивме сè и одиме по Тебе!”