44 А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите,
45 зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!”
46 И дојдоа во Ерихон. А кога излегуваше од Ерихон, со Своите Ученици и со големо множество, Вартимеј, Тимеевиот син, слеп просјак, седеше покрај патот.
47 И штом чу дека тоа е Исус Назареецот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!”
48 А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!”
49 Исус застана и рече: „Повикајте го!” И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!”
50 А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса.