48 А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!”
49 Исус застана и рече: „Повикајте го!” И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!”
50 А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса.
51 Исус пак проговори: „Што сакаш да ти сторам?” А слепецот Му одговори: „Учителе, да прогледам!”
52 Тогаш Исус му рече: „Оди си - твојата вера те спаси!” И веднаш прогледа и тргна по Него, по патот.