Марко 12:13-19 MKB

13 Тогаш испратија некои од фарисеите и иродовците, за да Го фатат во збор.

14 Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето, туку според вистината учиш за Божјиот пат. Дали е дозволено да се даде данок на царот или не е? Да даваме ли или да не даваме?”

15 А Тој, знаејќи го нивното лицемерие, им рече: „Зошто Ме искушувате? Донесете ми денариј да го видам!”

16 А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?” Тие пак рекоа: „На царот.”

17 Исус им рече: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога.” И Му се чудеа.

18 И дојдоа при Него садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:

19 ”Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре брат и остави жена, а не остави потомок; неговиот брат да ја земе жена му и да му воздигне потомство на брата си.”