19 ”Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре брат и остави жена, а не остави потомок; неговиот брат да ја земе жена му и да му воздигне потомство на брата си.”
20 Беа седуммина браќа. Првиот ја зеде жената и умре, а не остави потомок.
21 И вториот ја зеде и умре, а не остави потомок. И третиот исто така.
22 И седуммината не оставија потомство. А по сите умре и жената.
23 По воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив ќе му биде жена, зашто седуммината ја имаа за жена?”
24 Исус им рече: „Не се заблудувате ли, зашто не ги знаете ни Писмата, ниту Божјата сила?
25 Зашто кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како небесните ангели.