20 Беа седуммина браќа. Првиот ја зеде жената и умре, а не остави потомок.
21 И вториот ја зеде и умре, а не остави потомок. И третиот исто така.
22 И седуммината не оставија потомство. А по сите умре и жената.
23 По воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив ќе му биде жена, зашто седуммината ја имаа за жена?”
24 Исус им рече: „Не се заблудувате ли, зашто не ги знаете ни Писмата, ниту Божјата сила?
25 Зашто кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како небесните ангели.
26 А за мртвите - дека ќе воскреснат, не читавте ли во Мојсеевата книга, при капината, како Бог му рече: ‘Јас Сум Бог Авраамов, и Бог Исаков и Бог Јаковов’?