25 Зашто кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како небесните ангели.
26 А за мртвите - дека ќе воскреснат, не читавте ли во Мојсеевата книга, при капината, како Бог му рече: ‘Јас Сум Бог Авраамов, и Бог Исаков и Бог Јаковов’?
27 Тој не е Бог на мртвите, туку на живите! Многу се измамувате!”
28 И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?”
29 Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,
30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!”
31 А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.”