Марко 14:1-7 MKB

1 А беа два дни до Пасха и до празникот на Бесквасните лебови. И главните свештеници и книжниците бараа како да Го фатат на измама и да Го убијат,

2 но зборуваа: „Не на празникот, за да не се побуни народот.”

3 И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот, додека беше прилегнат покрај трпезата, дојде една жена, која имаше сад од алабастер, со чисто скапоцено нардово миро; таа го скрши садот од алабастер и го излеа мирото врз Неговата глава.

4 А некои негодуваа, говорејќи меѓу себе: „Зошто да се растура така мирото!

5 Имено, мирото можеше да биде продадено за повеќе од триста денарии и да им се даде на сиромасите!” И негодуваа против неа.

6 Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто и досадувате? Таа направи добро дело на Мене.

7 Зашто бедните ги имате секогаш со себе, и можете да им направите добро кога ќе посакате; а Мене Ме немате секогаш.