19 Тие се нажалија и почнаа да Му велат еден по еден: „Да не сум јас?” А друг: „Дали јас?”
20 А Тој им рече: „Еден од Дванаесетмината, кој макнува со Мене во чинијата.
21 Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човечкиот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.”
22 И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
23 И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.
24 И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.
25 Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.”