2 но зборуваа: „Не на празникот, за да не се побуни народот.”
3 И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот, додека беше прилегнат покрај трпезата, дојде една жена, која имаше сад од алабастер, со чисто скапоцено нардово миро; таа го скрши садот од алабастер и го излеа мирото врз Неговата глава.
4 А некои негодуваа, говорејќи меѓу себе: „Зошто да се растура така мирото!
5 Имено, мирото можеше да биде продадено за повеќе од триста денарии и да им се даде на сиромасите!” И негодуваа против неа.
6 Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто и досадувате? Таа направи добро дело на Мене.
7 Зашто бедните ги имате секогаш со себе, и можете да им направите добро кога ќе посакате; а Мене Ме немате секогаш.
8 Таа направи што можеше; Го помаза предвреме Моето тело за погребение.