21 Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човечкиот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.”
22 И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
23 И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.
24 И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.
25 Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.”
26 И откако испеаја песна, излегоа на Маслиновата Гора.
27 И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”