23 И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.
24 И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.
25 Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.”
26 И откако испеаја песна, излегоа на Маслиновата Гора.
27 И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”
28 А по Своето воскресение, ќе отидам пред вас во Галилеја.”
29 А Петар Му рече: „Ако и сите се соблазнат, но јас - не.”