27 И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”
28 А по Своето воскресение, ќе отидам пред вас во Галилеја.”
29 А Петар Му рече: „Ако и сите се соблазнат, но јас - не.”
30 И Исус му рече: „Вистина ти велам, дека ти денес, во оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.”
31 Но тој уште поупорно зборуваше: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!” И сите го велеа истото.
32 И дојдоа до место, по име Гетсиманија, и им рече на Своите ученици: „Седете тука, додека се помолам!”
33 И ги зеде со Себе: Петра, Јакова и Јована, се натажи, и почна длабоко да се вознемирува.