30 И Исус му рече: „Вистина ти велам, дека ти денес, во оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.”
31 Но тој уште поупорно зборуваше: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!” И сите го велеа истото.
32 И дојдоа до место, по име Гетсиманија, и им рече на Своите ученици: „Седете тука, додека се помолам!”
33 И ги зеде со Себе: Петра, Јакова и Јована, се натажи, и почна длабоко да се вознемирува.
34 И им рече: „Мојата душа е нажалена до смрт; останете тука и бдејте!”
35 И отиде малку подалеку, падна на земја и се молеше, - ако е можно - да Го одмине тој час,
36 и велеше: „Ава, Татко! Сè е можно за Тебе. Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!”