66 И кога Петар беше долу, во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот;
67 и кога го виде Петра, како се грее, го погледна и му рече: „И ти беше со Исуса Назареецот!”
68 Но тој одрече, велејќи: „Ниту знам, ниту разбирам што зборуваш!” И излезе надвор во преддворјето и петел запеа.
69 А слугинката го виде и почна пак да им зборува на оние, кои стоеја таму: „И овој е од нив!”
70 А тој пак одрече. Подоцна, оние, кои стоеја таму, пак му рекоа на Петра: „Навистина си од нив, зашто и ти си Галилеец а и говорот се сложува.”
71 А тој почна да се колне и да се заколнува: „Не Го познавам човекот за Кого зборувате.”
72 И веднаш петелот запеа по вторпат. А Петар се сети на зборовите, што му ги рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.