27 И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него.
28 И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.”
29 А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни,
30 спаси Се Себеси и слези од крстот!”
31 Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси!
32 Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!” Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него.
33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.