31 Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси!
32 Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!” Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него.
33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.
34 А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!”- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!”
35 Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа:”Ете, го вика Илија!”
36 И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!”
37 А Исус викна со силен глас и издивна.