17 А Исус кога го разбра тоа им рече: „Зошто мислите дека немате леб? Уште ли не разбирате и не сфаќате? Скаменето ли е вашето срце?
18 Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате?
19 И не си спомнувате ли, кога ги раскршив петте лебови на пет илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Му рекоа: „Дванаесет.”
20 Кога раскршив седум лебови на четири илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Рекоа: „Седум”.
21 И им рече: „Уште ли не разбирате?”
22 И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре.
23 Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гледаш ли нешто?”