2 ”Жал ми е за народот, зашто веќе три дни се постојано покрај Мене и нема што да јадат.
3 Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.”
4 И Неговите ученици Му одговорија: „Откаде може некој да ги насити со лебови, тука во пустината?”
5 И ги праша: „Колку лебови имате?” А тие рекоа: „Седум”.
6 Тогаш му заповеда на народот да прилегне на земјата. И ги зеде седумте лебови, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги стават, и тие ги ставија пред множеството.
7 Имаа и малку рипчиња. И кога ги благослови, заповеда да ги стават и нив.
8 И јадеа и се наситија, и дигнаа седум кошници останати парчиња.