23 Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гледаш ли нешто?”
24 Ги подигна очите и рече: „Гледам луѓе како одат - ги гледам како дрва.”
25 Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и прогледа и оздраве, и гледаше сè јасно.
26 И го испрати во неговиот дом, велејќи: „Не влегувај во селото, и никому не раскажувај!”
27 И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Филипова; а патем ги прашуваше Своите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?”
28 Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.”
29 Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?” Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос”.