28 Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.”
29 Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?” Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос”.
30 И им забрани никому да не зборуваат за Него.
31 И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне.
32 И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.
33 Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.”
34 И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене.