Марко 8:32-38 MKB

32 И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.

33 Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.”

34 И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене.

35 Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.

36 Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа и напакости!

37 Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа?

38 Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.”