2 И по шест дни, Исус ги зеде Петра, Јакова и Јована и ги изведе само нив на една висока планина, насамо, и се преобрази пред нив;
3 и неговите облеки станаа блескави и многу бели, како што белител на земјата не може да ги избели.
4 И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса.
5 А Петар проговори и Му рече на Исуса: „Рави! Учителе, добро е да сме тука; да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија.”
6 Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени.
7 И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!”
8 И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса.