28 А кога дојде во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?”
29 И им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
30 И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа;
31 имено, ги поучуваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден.
32 Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.”
33 И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?”
34 А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем.