40 Зашто, кој не е против нас, тој е со нас.”
41 И кој ќе ве напои со чаша ладна вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.
42 А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, подобро ќе му биде да му обесат на вратот воденички камен и да биде фрлен во морето.
43 И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган,
44 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.
45 Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,
46 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.