6 Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени.
7 И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!”
8 И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса.
9 А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажуваат што видоа, додека Човечкиот Син не воскресне од мртвите.”
10 И тие го држеа цврсто тој збор, но меѓусебно расправаа: што значи - да се воскресне од мртви?
11 И Го прашаа: „Зошто книжниците велат дека првин Илија треба да дојде?”
12 А Тој им рече: „Илија ќе дојде првин, и ќе воспостави сè. А како е напишано за Човечкиот Син: дека треба многу да пострада и да биде презрен?