1 Летописи 12:16-22 MKB

16 Дојдоа и од Венијаминовите и од Јудините синови кај Давида во тврдината.

17 Давид излезе пред нив и, откако проговори, им рече: „Ако доаѓате со мир кај мене за да ми помогнете, моето срце ќе се соедини со вашето; ако дојдовте за да ме предадете на моите непријатели, Бог на нашите татковци нека види и нека суди, зашто нема неправда врз моите раце!”

18 Тогаш духот го опфати Амасај, началникот над триесетмината, и тој рече: „Тебе, Давиде! Со тебе, Јесеев сине, мир! Мир со тебе, мир со оној кој ти помага, зашто твој помошник е твојот Бог!” Така Давид ги прими и ги постави меѓу војводите над четите.

19 Некои од Манасиевите синови преминаа кај Давида кога одеше со Филистејците во бој против Саула, но не им помогна, зашто филистејските кнезови, откако размислија добро, го отпуштија, велејќи: „Би можел да премине кај својот господар Саул, а тоа ќе нè чини главите.”

20 И така кога се враќаше во Сиклаг, преминаа кај него од Манасиевото племе: Адна, Јозавад, Едијаил, Михаил, Јозавад, Елиуј и Салтај, главатари илјадници во Манасиевото племе.

21 Тие му помагаа на Давида против разбојничките чети, зашто сите беа храбри јунаци, та станаа заповедници во неговата војска.

22 Навистина одден наден доаѓаа кај Давида за да му помагаат, сè додека неговата војска не стана огромна како Божја војска.