1 Летописи 7 MKB

1 Исахарови синови беа: Тола и Фуја, Јасув и Симрон, нив четворица.

2 Толини синови: Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, главатари на татковскиот дом на Тола, храбри јунаци подредени според сродство; во Давидово време ги имаше на број дваесет и две илјади и шест стотини.

3 Озиеви синови: Израј, Израеви синови: Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари.

4 Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.

5 Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.

6 Венијаминови синови: Вела, Вехер и Едијаил, тројца.

7 Велини синови: Есвон, Озиј, Озил, Еримот и Ириј, пет семејни главатари, храбри јунаци; во племенскиот попис беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири.

8 Вехерови синови: Земир, Јоас, Елиезер, Елијоенај, Амриј, Еримот, Авиј, Анатот и Аламер, сите Вехерови синови.

9 Во племенскиот попис по колена, по семејни главатари, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двеста.

10 Едијаилови синови: Валан, Валанови синови: Јеус, Венијамин, Ехуд, Ханан, Зитан, Тарсис и Ахисар.

11 Сите Едијаилови синови по семејните главатари, храбри јунаци, беа седумдесет и две илјади и двеста, сè способни за војна.

12 Суфеј и Упеј. Синови Ирови: Усеј; негов син Ахир.

13 Нефталимови синови: Јасил, Гунуј, Есер и Салум, Валини синови.

14 Манасиеви синови: Азрил, кого го роди Манасиевата соложница Арамејка; таа го роди и Махир, таткото Галадов.

15 Махир се ожени од Уфеј и од Суфеј, сестра им се викаше Мака; името на другиот му беше Салпад, а Салпад имаше ќерки.

16 Махировата жена Мака роди син, кому му го даде името Фарес. На брат му му го даде името Серес, а негови синови беа Улам и Ракем.

17 Уламов син: Ведан. Тоа се синовите на Галад, синот Махиров, синот Манасиев.

18 Неговата сестра Амолекета ги роди: Исуд, Авиезер и Мала.

19 Семидини синови беа: Ахијан, Сихем, Лихиј и Анијам.

20 Ефремови синови: Сутал, неговиот син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат,

21 негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.

22 Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.

23 Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.

24 Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.

25 Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан,

26 негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам,

27 негов син Нон, негов син Исус.

28 Нивен имот и нивните населби беа: Ветил и неговите села, кон исток Наран, кон запад Гезер и неговите села до Газа со нејзините села.

29 Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.

30 Асирови синови беа: Емна, Есва, Есвај и Верија, и нивната сестра Сера.

31 Вериини синови: Евер и Малхил, тој беше Верзавитов татко.

32 Евер им стана татко на Јафлит, Сомир, Хотам и на нивната сестра Суја.

33 Јафлитови синови беа: Фасах, Вимал и Асват; тоа беа Јафлитови синови.

34 А синови на неговиот брат Сомир: Рога, Јехув и Арам.

35 Синови на неговиот брат Елем: Софа, Емна, Селис и Амал.

36 Софини синови: Суја, Арнефер, Согал, Вериј, Емра,

37 Восор, Од, Сама, Силиса, Итран и Веира.

38 Етерови синови: Ефониј, Фиспа и Ара.

39 Улини синови: Арах, Анил и Рисија.

40 Сите овие беа Асирови синови, семејни главатари, одбрани храбри јунаци, поглавари меѓу кнезовите; кога беа запишани, беа дваесет и шест илјади во воени чети.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29