1 Летописи 5 MKB

1 Синови на Израелевиот првенец Рувим. Тој навистина беше првенец, ама кога ја онечисти татковата постела, неговото право за првенство им беше дадено на синовите на Израелевиот син Јосиф, но не им беше запишано во родословието,

2 зашто Јуда надвладеа меѓу браќата, а од него се роди кнез. Сепак правото на првенство му припадна на Јосифа.

3 Синови на Израелевиот првенец Рувим беа: Анох, Фалуј, Есрон и Хармиј.

4 Јоилови синови: неговиот син Семај, негов син Гог, негов син Симеј,

5 негов син Миха, негов син Реај, негов син Вал,

6 негов син Веир, кого го одведе во ропство асирискиот цар Телгат-Фелнасар; тој беше поглавар на Рувимовото племе.

7 На неговите браќа, по семејства, кога се запишаа во племенското родословие по поколенија, главатар им беше Еил, Захариј,

8 Вела, синот Азазов, син Семин, син Јоилов. Тој живееше во Ароир и до Нева и до Вал Меон.

9 Кон исток неговата земја се простираше до влезот во пустината од реката Еуфрат, зашто добитокот му се намножи во Галадската Земја.

10 Во Сауловото време војуваа со Агарјанците, кои загинаа од нивната рака; така се населија во нивните шатори по сето источно подрачје од Галад.

11 Гадовите синови живееја близу до нив во Васанската Земја до Салха.

12 Јоел беше главатар, а втор Сафан, па Јанај и Сафат во Васан.

13 Нивни браќа по своите родови им беа: Михаил, Месулам, Сева, Јорај, Јахан, Зиј и Евер, седуммина.

14 Тоа беа синови на Авихаил, синот Уриев, син на Јарој, син на Галад, син на Михаил, син на Јесисај, син на Јадон, син на Вуз.

15 Ахиј, синот на Авдил, синот Гуниев, беше главатар на нивниот род.

16 Живееја во Галад и во нивните селца, та по сите саронски пасишта до нивните краишта.

17 Сите беа запишани во племенскиот родословник за време на јудејскиот цар Јотам и за време на израелскиот цар Јеровоам.

18 Рувимови и Гадови синови, и половина на Манасиевото племе, храбри јунаци кои носеа штит и меч, та оптегнуваа лак и беа вешти во бој, беа четириесет илјади и седум стотини и шеесет војници.

19 Војуваа против Агарјанците, Етурејците, Нафисејците и Нодавејците.

20 Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници.

21 Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе.

22 Мнозина паднаа загинати, зашто тој бој беше од Бога; тогаш се населија на нивното место до преселувањето.

23 Синовите од половината Манасиево племе се населија во таа земја од Васан до Вал-Ермон и до Сенир и до Ермонската Гора и се беа намножиле.

24 Овие беа главатари на нивните родови: Ефер, Јесеј, Ели, Азрил, Еремиј, Одавиј и Јадил, храбри јунаци и угледни мажи: главатари во своите родови.

25 Но кога Му изневерија на Бога на своите татковци и и се предадоа на прељубата со боговите на народите на онаа земја, кои Бог ги откорна пред нив,

26 Израелевиот Бог ги разбуди непријателството на асирискиот цар Фула и непријателството на асирискиот цар Телгат-Фелнасар. Тие ги одведоа во ропство Рувимовото и Гадовото племе и половина од Манасиевото племе. Ги доведоа во Ала, во Авор и покрај Гозанската Река до денешниот ден.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29