1 Летописи 8 MKB

1 На Венијамина му се роди првенецот Вела, вториот Асвил, третиот Ара,

2 четвртиот Ное и петтиот Рафа.

3 Велини синови беа: Адар, Гира, Авијудов татко,

4 Ависуј, Наман, Ахој,

5 Гира, Сефуван и Урам.

6 Тие беа Ехудови синови и им беа семејни главатари на оние кои живееја во Гаваја, откаде ги одведоа во ропство во Манахат;

7 Наман, Ахиј и Гира; тој ги водеше во ропство, а му се родија Уза и Ахијуд.

8 Сараим, откако ги остави жените Усима и Вара, доби синови во Моавското Поле:

9 со својата жена Одеса ги имаше синовите: Јовав, Сивиј, Миса, Малхам,

10 Јеус, Сахиј и Мирма; тоа беа неговите синови, семејни главатари.

11 Со Усима му се родија Авитов и Елфал.

12 Елфалови синови беа: Евер, Мисам и Самед; тој ги изгради Онон и Лод со нивните села.

13 Потоа Вериј и Сем. Тие им беа семејни главатари на оние кои живееја во Еалон и кои ги истераа гатските жители.

14 Ахио, Сасак, Јеремот,

15 Зевадиј, Арад, Адер,

16 Михаил, Еспа и Јоха беа Вериини синови.

17 Зевадиј, Месулам, Езекиј, Евер,

18 Исмерај, Езлиј и Јовав беа Елфалови синови.

19 Јаким, Зихриј, Завдиј,

20 Елинај, Зилтај, Елил,

21 Адај, Вераја и Симрат беа Семиеви синови.

22 Авдон, Зихриј, Анан,

24 Ананиј, Елам, Антотиј,

25 Ефедиј, Фануил беа Сасакови синови.

26 Самсерај, Сеариј, Готолиј,

27 Јаресиј, Илија и Зихриј беа Јеровоамови синови.

28 Тоа беа главатарите на семејствата подредени по колена. Живееја во Ерусалим.

29 Во Гаваон живееја: прататкото Гаваон, чија жена се викаше Мака.

30 Негов син првенец беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Надав,

31 Гедор, Ахиј, Зехер,

32 и Миклот, кому му се роди Симеј; па и тие живееја кај своите браќа во Ерусалим, заедно со своите браќа.

33 На Нир му се роди Кис, а на Киса му се роди Саул, на Саула му се родија: Јонатан, Малки-Суа, Авинадав и Есвал.

34 Јонатанов син беше Мери-Вал; на Мери-Вала му се роди Миха.

35 Михини синови беа: Фитон, Мелех, Тареј и Ахаз.

36 На Ахаза му се роди Јоад; на Јоада му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса.

37 На Моса му се роди Винеј, чиј син беше Рафа, а негов син Елеас, негов син Асил.

38 Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, неговиот првенец, Вохеру, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; сите тие беа Асилови синови.

39 Синови на неговиот брат Исек беа: Улам, неговиот првенец, вториот Еус, третиот Елифелет.

40 Уламовите синови беа храбри јунаци, кои оптегнуваа лак и имаа многу синови и внуци, сто и педесет. Сите тие беа од Венијаминовите синови.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29