1 Летописи 9 MKB

1 Сите Израелци беа запишани во племенските родословници, а запишани се и во книжниот свиток на израелските цареви. А Јудејците заради беззаконија беа одведени на заточение во Вавилон.

2 Први жители на свој имот и во свои градови беа Израелците, свештениците, левитите и Нетинците.

3 Во Ерусалим живееја луѓе од Јудините синови, од Венијаминовите синови, од Ефремовите синови и од Манасиевите синови, и тоа:

4 Гутај, синот на Амијуд, син на Амриј, син на Имриј, син на Вениј, првенец, со своите синови.

6 Од Зериевите синови: Јеуил и неговите браќа, шест стотини и девеесет.

7 Од Венијаминовите синови Салуј, синот на Месулам, син на Одуј, Асенуинин син;

8 Евниј, Јеровоамов син, и Ила, синот на Озиј, син на Махриј, и Месулам, син на Сефатиј, син на Рагуил, син Ивниин,

9 Имаа по своите родови девет стотини педесет и шест браќа. Сите тие беа главатари, секој на својот род.

10 Од свештениците: Едај, Јојарив и Јахин,

11 Азариј, синот Хелкиев, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитов, настојник во Божјиот Дом.

12 Адај, син Јеровоамов, син на Пасхор, син на Малхиј, син на Масај, син на Адил, син на Јазир, син на Месулам, син на Месилемит, син Имиров.

13 Нивните браќа, глави на семејства, борци кои извршуваа служба во Божјиот Дом, беа илјада осум стотини и шеесет.

14 Од левитот Семај, синот Асув, син на Азрикам, син на Асавиј, меѓу Мерариевите синови;

15 Ваквакар, Ерес, Галал и Матаниј, син на Миха, син на Зихриј, синот Асафов;

16 Овадиј, син на Семај, син на Галал, син Едутунов, и Варахиј, синот на Аса, Елканиниот син, кој живееше во Нетофатските Села.

17 Вратари: Салум, Акув, Талмон и Ахиман, и нивните браќа; Салум беше главатар;

18 и досега беше при царската врата кон исток. Тие беа вратари по четири на левитите.

19 Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан.

20 Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!).

21 Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата.

22 Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност.

23 Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот.

24 Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.

25 Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.

26 Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом.

27 Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.

28 Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.

29 Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите;

30 а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси.

31 Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење.

32 Некои од Каатовците, од нивните браќа, беа одговорни за лебовите што се поставуваа секоја сабота.

33 Тие беа и пејачи, главатари на левитските семејства. Кога беа слободни живееја во храмските соби, зашто беа на должност дење и ноќе.

34 Тоа беа главатари на левитските семејства според своето сродство. Тие главатари живееја во Ерусалим.

35 Во Гаваон живееја: Гаваоновиот татко Ехил, на чија жена името и беше Мака.

36 Син првенец му беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Нир, Надав,

37 Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот.

38 На Миклота му се роди Симеам. И тие живееја во Ерусалим, со своите браќа.

39 На Нира му се роди Кис; а на Кис му се роди Саул; на Саула му се роди Јонатан, Малхи-Суј, Авинадав и Есвал.

40 Јонатанов син беше Мери-Вал. На Мери-Вала му се роди Миха.

41 Михини синови беа: Фитон, Мелех, Тереј и Ахаз.

42 На Ахаза му се роди Јара; на Јара му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса.

43 На Моса му се роди Винеј; негов син беше Рафај, негов син Елеас, негов син Асил.

44 Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеруј, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; тоа се Асилови синови.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29