1 Летописи 12:19-25 MKB

19 Некои од Манасиевите синови преминаа кај Давида кога одеше со Филистејците во бој против Саула, но не им помогна, зашто филистејските кнезови, откако размислија добро, го отпуштија, велејќи: „Би можел да премине кај својот господар Саул, а тоа ќе нè чини главите.”

20 И така кога се враќаше во Сиклаг, преминаа кај него од Манасиевото племе: Адна, Јозавад, Едијаил, Михаил, Јозавад, Елиуј и Салтај, главатари илјадници во Манасиевото племе.

21 Тие му помагаа на Давида против разбојничките чети, зашто сите беа храбри јунаци, та станаа заповедници во неговата војска.

22 Навистина одден наден доаѓаа кај Давида за да му помагаат, сè додека неговата војска не стана огромна како Божја војска.

23 Еве го бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давида во Хеврон за да го пренесат на него Сауловото царство, според Господовата повелба:

24 Јудини синови, кои носеа штит и копје, шест илјади и осум стотини вооружени за војна.

25 Од Симеоновите синови, храбри јунаци за војна, седум илјади и сто.