1 Летописи 12:32-38 MKB

32 Од Исахаровите синови, кои умееја да го разберат своето време и да сознаат што треба да направи Израел; двеста нивни главатари. Сите нивни браќа им беа подложени.

33 Од Завулоновите синови, способни за војна и вооружени за бој со секакво бојно оружје, педесет илјади, кои со смело срце се подредија во бојни редови.

34 Од Нефталимовото племе илјада кнезови и со нив триесет и седум илјади луѓе со штитови и со копја;

35 од Дановото племе дваесет и осум илјади и шест стотини вооружени за бој,

36 а од Асировото племе четириесет илјади способни за војска и за бој опремени.

37 Од оние отаде Јордан, од Рувимовото, од Гадовото и од половината Манасиево племе, сто и дваесет илјади луѓе со секакво воено оружје.

38 Сите тие војници, подредени во бојни редови, дојдоа со чесно срце во Хеврон за да го зацарат Давида над сиот Израел; и сите други Израелци беа еднодушни за да го постават Давида за цар.