1 Летописи 12:34-40 MKB

34 Од Нефталимовото племе илјада кнезови и со нив триесет и седум илјади луѓе со штитови и со копја;

35 од Дановото племе дваесет и осум илјади и шест стотини вооружени за бој,

36 а од Асировото племе четириесет илјади способни за војска и за бој опремени.

37 Од оние отаде Јордан, од Рувимовото, од Гадовото и од половината Манасиево племе, сто и дваесет илјади луѓе со секакво воено оружје.

38 Сите тие војници, подредени во бојни редови, дојдоа со чесно срце во Хеврон за да го зацарат Давида над сиот Израел; и сите други Израелци беа еднодушни за да го постават Давида за цар.

39 Поминаа три дни со Давида, јадејќи и пиејќи. Браќата подготвија сè за нив.

40 Нивните најблиски соседи, сè до Исахар, Завулон и Нефталим, донесуваа храна на ослиците, на камилите и на мазгите, а со воловите јадења: брашно, смоквени низаници, суво грозје, вино, масло, крупен и ситен добиток изобилно, зашто беше веселба во Израел.