1 Затоа Давид рече: „Ова е Домот на Господа и ова е жртвеник за паленици на Израел!”
2 Давид заповеда да се соберат странците, кои беа во Израелската Земја и одреди каменоресци, за да делкаат прописно камења за изградбата на Божјиот Дом.
3 Давид приготви многу железо за клинци на крилата на вратите и за рачките; и без мера многу бронза.
4 Многу кедровина, зашто Сидонците и Тирците му довезуваа многу кедрови дрва на Давида.
5 Зашто Давид мислеше: „Мојот син Соломон е млад и нежен, а Домот што треба да Му биде изграден на Господа треба да биде величествен, за слава и чест по сите земји. Ајде да му подготвам се.” И Давид подготви многу нешта пред својата смрт.
6 Потоа го повика синот Соломон и му заповеда да Му изгради Дом на Господа, на Израелевиот Бог.
7 Уште Давид му рече на Соломона: „Сине! Посакав во своето срце да Му изградам Дом на Името на Господа, својот Бог.