1 Летописи 22:14-19 MKB

14 Еве, јас при мојата скудност подготвив за Господовиот Дом сто илјади златни таланти, и илјада илјади сребрени таланти, а бронза и железо без мера, зашто го има толку многу. Подготвив и дрва и камења, а и ти додај нешто кон тоа.

15 Имаш многу добри работници, каменоресци, ѕидари, дрводелци и секакви вештаци во секое умеење;

16 златото, среброто, бронзата и железото немаат мера; и така, оди и гради, и Господ нека биде со тебе!”

17 Тогаш Давид им заповеда на сите израелски кнезови да му помагаат на неговиот син Соломон:

18 ”Не е ли со вас Господ, вашиот Бог, Кој ви даде мир отсекаде наоколу, зашто ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата е покорена пред Господа и пред Неговиот народ.

19 И така, сега дајте со своето срце и со својата душа да Го барате Господа, својот Бог; одете и градете Му Светилиште на Господа Бога, внесете го Ковчегот на Господовиот Завет и светите Божји посатки во Домот што ќе Му биде изграден на Господовото Име.”