1 Летописи 22:2-8 MKB

2 Давид заповеда да се соберат странците, кои беа во Израелската Земја и одреди каменоресци, за да делкаат прописно камења за изградбата на Божјиот Дом.

3 Давид приготви многу железо за клинци на крилата на вратите и за рачките; и без мера многу бронза.

4 Многу кедровина, зашто Сидонците и Тирците му довезуваа многу кедрови дрва на Давида.

5 Зашто Давид мислеше: „Мојот син Соломон е млад и нежен, а Домот што треба да Му биде изграден на Господа треба да биде величествен, за слава и чест по сите земји. Ајде да му подготвам се.” И Давид подготви многу нешта пред својата смрт.

6 Потоа го повика синот Соломон и му заповеда да Му изгради Дом на Господа, на Израелевиот Бог.

7 Уште Давид му рече на Соломона: „Сине! Посакав во своето срце да Му изградам Дом на Името на Господа, својот Бог.

8 Но ми дојде Господовото слово: „Многу крв пролеа и водеше големи војни; не ќе Му изградиш ти Дом на Моето Име; зашто пролеа многу крв на земјата пред Мене.