1 Летописи 23:25-31 MKB

25 Давид рече: „Господ, Израелевиот Бог, Му даде мир на Својот народ и ќе живее довека во Ерусалим.

26 Затоа веќе ни левитите не ќе ги носат веќе ни Шаторот ни разновидните прибори за негова служба.”

27 Според последните Давидови зборови, беа пребројани Левиевите синови од дваесет години нагоре.

28 Беа одредени да бидат покрај Ароновите синови во служба во Господовиот Дом, во преддворјата и во тремовите, за да ги чистат сите свети работи, за да работат во служба во Господовиот Дом,

29 исто за лебните приноси, за пченичното брашно за принос, за бесквасните колачиња зготвени во сад и замешани во масло и за мерките за тежина и за должина;

30 за да пристапуваат секое утро, да Му благодарат на Господа и да Го слават: така и навечер.

31 А кога и да Му се принесуваат паленици на Господа, во сабота, при млада месечина и во празниците, да доаѓаат според својот број, според својот ред, секогаш пред Господа.