27 Според последните Давидови зборови, беа пребројани Левиевите синови од дваесет години нагоре.
28 Беа одредени да бидат покрај Ароновите синови во служба во Господовиот Дом, во преддворјата и во тремовите, за да ги чистат сите свети работи, за да работат во служба во Господовиот Дом,
29 исто за лебните приноси, за пченичното брашно за принос, за бесквасните колачиња зготвени во сад и замешани во масло и за мерките за тежина и за должина;
30 за да пристапуваат секое утро, да Му благодарат на Господа и да Го слават: така и навечер.
31 А кога и да Му се принесуваат паленици на Господа, во сабота, при млада месечина и во празниците, да доаѓаат според својот број, според својот ред, секогаш пред Господа.
32 И за да ги заштитуваат на средбата: и Светилиштето и своите браќа, Ароновите синови, при службите во Господовиот Дом.