1 Летописи 24:1-6 MKB

1 Ароновите синови имаа свои редови, Аронови синови беа: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар.

2 Но Надав и Авијуд умреа пред таткото и немаа деца; затоа свештеничката служба ја вршеа Елеазар и Итамар.

3 Давид ги подели на редови нив и Садок, од Елеазаровите синови, и Ахимелех, од Итамаровите синови, според нивниот ред во нивната служба.

4 Ама меѓу Елеазаровите синови се најдоа повеќе машки главатари отколку меѓу Итамаровите синови, па кога ги поделија, од Елеазаровите синови беа шеснаесет семејни главатари, а од Итамаровите синови само осум семејни главатари.

5 Затоа ги поделија со жрепки, едните и другите, зашто посветените кнезови и Божјите кнезови беа и од Елеазаровите синови и од Итамаровите синови.

6 Ги запиша Натанаиловиот син Семај, писар од Левиевото племе, пред царот, пред кнезовите, пред свештеникот Садок, пред Авијатаровиот син Ахимелех, пред главатарите на семејствата сред свештениците и левитите, земајќи по едно семејство за Елеазар, а пак по едно за Итамар.