5 Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
6 Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба.
7 Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.
8 Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.
9 Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет;
10 третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
11 четвртата на Исриј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;