27 Посветија дел од воениот плен за да зајакне Господовиот Дом.
28 Сè што беа посветиле гледачот Самоил, Кисовиот син Саул, Нировиот син Авенир и Серуиниот син Јоав, сè посветено, беше под надгледништво на Селомит и на неговите браќа.
29 Исаровците Хенаниј и неговите синови беа над светските работи како надгледувачи и судии во Израел.
30 Хевроновците Асавиј и неговите браќа, илјада и седум стотини храбри луѓе, управуваа со Израел од оваа страна на Јордан кон запад во секоја Господова работа и во царската служба.
31 Главатар на Хевроновците беше Јериј. Во четириесеттата година на Давидовото царување ги побараа семејните родословија на Хевроновците, и се најдоа меѓу нив храбри луѓе во Галадскиот Јазир.
32 Неговите браќа, храбри луге, беа две илјади и седум стотини семејни главатари; цар Давид ги постави над Рувимовото и над Гадовото племе и над половината Манасиево племе за сите Божји дела и за царските дела.