12 Деветтиот, во деветтиот месец, беше Анатотецот Авиезер, Венијаминец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
13 Десеттиот, во десеттиот месец, беше Нетофатецот Марај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.
14 Единаесеттиот, во единаесеттиот месец, беше Фаратонецот Венај, Ефремовец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.
15 Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Нетофатецот Хелдај, Готонилец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
16 Над Израелевите племиња кнезови беа: над Рувимовото Зихриевиот син кнезот Елиезер; над Симеоновото Машиниот син Сефатиј;
17 над Левиевото Кемуиловиот син Асавиј; над Ароновото Садок;
18 над Јудиното Елуиј од Давидовите браќа; над Исахаровото синот Михаилов Амриј;