15 Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Нетофатецот Хелдај, Готонилец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
16 Над Израелевите племиња кнезови беа: над Рувимовото Зихриевиот син кнезот Елиезер; над Симеоновото Машиниот син Сефатиј;
17 над Левиевото Кемуиловиот син Асавиј; над Ароновото Садок;
18 над Јудиното Елуиј од Давидовите браќа; над Исахаровото синот Михаилов Амриј;
19 над Завулоновото синот на Овадиј, Исмај; над Нефталимовото Јеремот, синот Азрилов.
20 Над Ефремовите синови Исус синот Азазиев; над половината Манасиево племе Федаиниот син Јоил,
21 над втората половина на Манасиевото племе во Галад синот Захариев Идо; над Венијаминовото Авенировиот син Јасил.